Иако празникот на вљубените Валентин помина – утре во арената Борис Трајковски концерт посветен на вљубените. Ќе бидат изведени најубавите љубовни песни од екс Југославија.

Се очекува спектакуларен концерт на ѕвездите.

- Вашето гостопримство секогаш не воодушевува. Ова е прв заеднички концерт со Владо Георгиев, компатибилни сме во музиката и слично романтични, затоа ова ме радува. Јас и мојот бенд ќе се обидеме да има емоција и забава, луѓето од концертот кога ќе заминат дома да речат - беше добро. Мерило за секој концерт е како се чувствувала публиката и колку ќе го запамети концертот. Не е исклучено да се појавиме заедно и во другите градови на екс Југославија - вели Цетински.

Со него разговараше Михаела Димовска.


Датум на објава: петок, 17 февруари 2017 во 19:20
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:36

коментари

остави коментар