Од УХМР информираат дека во текот на ноќта и утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен и постуден бран кој ќе предизвика врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (15л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје утре ќе биде облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 8 степени.

Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст. /МИА

Датум на објава: петок, 24 февруари 2017 во 11:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар