Официјална Анкара порача дека Берлин мора да научи да се однесува доколку сака да одржи односи со таа земја. Министерот за правда Боздаг вчера требаше да се обрати пред приврзаниците на Ердоган во обид да добие поддршка од турските иселеници во пресрет на референдумот за зголемување на овластувањата на турскиот претседател, кој треба да се одржи во април годинава.

Откако градските власти му забранија да одржи митинг, Боздаг вчера ја откажа средбата со германскиот колега Хајко Мас и најави дека се враќа во Турција. Се проценува дека во Германија живеат околу милион и пол турски државјани.


Датум на објава: петок, 03 март 2017 во 14:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар