Најбогата мегу жените и во 2017 година е французинската Лилиан Бетанкур сопственичка на  Лореал – со богатство од 36 милијарди долари таа се најде на 11 место на светската листа на најбогати.

Image result for Лилиан Бетанкур



Само 5 места подолу на 16 место е американската наследничка на Вол Март, Елис Волтон чие богатство се проценува на 32, 2 милијарди долари.

Image result for Елис Волтон волмарт



По неа следува Жаклин Марс - сопственичка на корпорацијата Марс која има 23, 4 милијарди долари.

Image result for жаклин марс


Па сопственичката на компанијата Нутела, Марија Фисоло со 25 милијарди долари.

Image result for марија фисоло нутела



На петтото место е сопственичката на БМВ, Сузан Клатен со 20 милијарди долари.

Image result for сузан клатен бмв


Во втората половина од листата на 10 најбогати жени се  Лорен Џобс, вдовицата на Стив Џобс која сега е сопственичка на Епл, па  Австралијанката Џина Ринехарт со 14,9 милијарди долари – таа го наследила  бизнисот со рудници но започнала и свој со медиуми. Листата од 10-те најбогати жени, ја заокружува сопственичката на Хајнекен,Шарлин Де Карвало.

Во однос на своето влијание, на листата и натаму водечки се политичарките. Канцеларката Ангела Меркел и Хилари Клинтон се на врвот на најмоќни жени на светот. Зад нив се Лагард, Џенет Јелен, Марија Бара  директорка на Џенерал Моторс , Мелинда Гејтс, Сузан Водзички, извршен   директор на Јутјуб и Мег Витман  директорката на Хулит Пакард.


Датум на објава: среда, 08 март 2017 во 17:36
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 19:23

коментари

остави коментар