Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со претставници на американскиот Стејт Департмент и го повтори барањето сад да ја осудат Тиранската платформа, наместо да ја оправдуваат и да се залагаат за неа.

Николов изрази огорченост од намерите на САД активно да ја поддржат коалицијата чија цел е да се сменат името на Македонија, идентитетот, знамето, химната, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија.

Тој побара од американскиот Стејт Департмент и особено од Американската амбасада во Македонија, да се држат до принципите на новата администрација на Трамп кој вети дека ќе се стави крај на американското мешање во внатрешните работи на други држави.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 09:32
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:43

коментари

остави коментар