Четири годишно дете од Бачиште близу Кичево од синоќа е во критична состојба откако било нападнато од кучиња..Поради сериозноста на повредите итно е испратено и се наоѓа  во скопскиот ургентен центар информираат од  полицијата..

Хирургот кој ја направил неколкучасовната операција на детска хирургија д-р Симеонов објаснува дека поради тешките повреди и распарчената слезина и еден од бубрезите, морало да се извадат овие органи. Тешки повреди од гризењата има на градниот кош и скалпот на главата. Детето е во критична состојба и е на КАРИЛ.

Детето вчера околу пладне  излегло од куќата каде живеело со своите родители  и преку нива сакало да помине за да отиде во соседната куќа.

Во тој момент било нападнато од кучиња кои дошле од соседната штала со овци во кој 50 годишниот сточар  ги чувал кучињата пуштени.

Од полицијата информираат дека на сточарот од Бачиште ќе  му биде поднесена  кривична пријава.

Датум на објава: петок, 17 март 2017 во 11:18
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 11:41

коментари

остави коментар