Пред два дена детето беше искасано од овчарски кучиња во дворот.

Докторите објаснија дека немало место  на телото каде што не било распарано.

По неколку часовната операција остана без еден бубрег и слезина.

Со Ристе Гиовски, тренер за кучиња,  разговаравме што ги испровоцирало кучињата да го нападнат детето.

„Децата се мали одат како пингвини и тоа ги нервира кучињата имаат пискав глас, непредвидливи се во движењата, тоа е причината. Газдите се виновни не работат со кучињата не ги тренираат, повеќето од газдите сакаат агресивни кучиња тоа не е добро“, изјави Гиовски.

Гиовски цел живот е тренер на кучиња, дојде со ротвајлер кое ја поминало обуката да не биде агресивен. Што доколку бидеме нападнати од куче?

„Кога ќе ве нападнат не паничете, не бегајте, клекнете на нивна висина. Пробајте да бидете смирени бидејќи кучињата чувствуваат, и мирисот и дишењето на човек кога ќе се исплаши може да ги поттикне на напад“ вели тој.

За три месеци во ова село четворица биле нападнати од кучиња, за сопственикот на кучињата е поднесена кривична пријава.

Датум на објава: сабота, 18 март 2017 во 14:27
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 15:07

коментари

остави коментар