Британската премиерка Тереза Меј на 29-ти март и официјално ќе го извести Брисел дека Велика Британија ја напушта Унијата и оти ќе го активира членот 50 од лисабонскиот договор, со што практично почнува процесот на Брегзит.

Од Даунинг стрит денеска соопштија дека Меј претходно  ќе напише писмо со кое ќе ги извести сите 27  земји членки на ЕУ, во кое ќе наведе дека очекува преговорите за тоа да започнат што е можно поскоро.

Доколку се оди според планот, официјалното излегување на Британија од Европската унија треба да се случи во март 2019-та. На референдумот пред 9 месеци, 52 проценти од Британците се изјаснија дека сакаат да ја напуштат унијата..



Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 13:59
Гоце Герасимовски
Обновено во: 15:27

коментари

остави коментар