- Македонија природно припаѓа во ЕУ, и посакуваме да биде дел од ЕУ. Ние вложуваме големи напори Македонија како и останатите земји од регионот да станат дел од ЕУ. Се соочуваме и со проблеми, но мислам дека тоа е единствената иднина на овие земји, бидејќи ЕУ е Европа. Таа е најголемиот инвеститор во регионот, економски многу моќен субјект и само мал број на земји можат да си дозволат да бидат надвор од неа, како Норвешка која „плива“ во нафта или Швајцарија која исто така е мнгу богата земја. За сите останати мора да ја бараат својата иднина во ЕУ, истакна амбасадорот Иконен на денешната средба со новинари по повод обележувањето на стогодишнината од независноста на Република Финска.  

Финска има популација од 5,5 милиони жители, а 6 проценти се Швеѓани. Во однос на двојазичноста, финскиот амбасадор вели дека тоа го сметаат за богатство на земјата, а е резултат на историските врски со Шведска и помага за поврзување на нордиските земји.
Тој подвлече дека Финска е конструктивен пријател на земјава и нејзините искуства може да ѝ помогнат на Македонија преку споделува своите позитивни искуства во правец на постигнување на развојните цели.
- Со обележувањето на јубилејот и во земјите од регионот, сакаме јавноста да ја запознаеме со финската култура, вредностите и општествениот живот на земјата, но и со успешната соработка која постои меѓу нордиските земји, што може да му послужи како пример токму на Балканот, рече амбасадорот Иконен кој е мерезидентен амбасадор за Македонија со седиште во Белград, а ја покрива и Црна Гора.

Тој ги истакна вредностите врз кои е изградено финското општество, како владеење на правото, еднаквоста на можностите, борбата против копрупцијата, ефикасната јавна администрација, а кои вели придонесуваат Финска денес да биде рангирана како петта најсреќна земја во светот и втора во Европа.
На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Финска во Македонија Светозар Јаневски, кој говореше за потребата од понатамошен развој на економските односи меѓу двете земји и ги истакна позитивните перспективи што би можеле да се отворат доколку Македонија ги користи искуствата на организирани општества какво што е финското особено моделот на функционирање на локалната самоуправа.

Денот на независноста на Република Финска е 6 декември. Програмата за обележување на стогодишниот јубилеј на финската независност предвидува над 2.000 настани во целиот свет, вклучувајќи го и регионот. Во Скопје се планира одржување концерт на финска музика во текот на ноември годинава. 

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 14:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар