Во својот говор Попоски посебно внимание посвети на прекуграничната соработка, воспоставувањето контрола на границите, обезбедувањето хуман и безбеден транзит по Балканскиот коридор и спречувањето на илегалната миграција, истакнувајќи ја улогата на Македонија како клучна во заштитата на Шенген системот.

- Имавме три предизвици во текот на мигрантската криза: односите со Грција, која не сакавме да ја оставиме на цедило, негативната медиумска кампања при контрола на границата и недостаток од усогласен настап помеѓу земјите. Од денешна дистанца, видливо е дека пристапивме правилно, истакна Попоски.

Шефот на македонската дипломатија се обрати пред студенти од Скопје, Белград и Загреб кои учествуваат во тридневната регионална студентска конференција на тема: „Прекуграничната соработка во справувањето со заедничките безбедносни предизвици од мигрантската и бегалската криза“, во организација Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за истражување и креирање политики и Факултетот за безбедност од Скопје. /МИА

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 19:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар