За него веќе е дефиниран изгледот и се објавени првите бројки.

Тој е наменет за 90 авиони и 4.000 членови на екипажот, соопшти онлајн изданието rusvesna.su.

Државата се уште не дала зелено светло за почеток на проектот, а по светските норми за конкретните проектни работи, вклучувајќи развој на проектот, технички и работни карактеристики, се потребни не помалку од 3 години, а самата изградба на бродот ќе потрае не помалку од 6 години.

Сосема извесно е дека изградбата на “Шчорм” ќе биде доверена на “Севмаш” во Архангелск.

Фабриката има најмногу и најголеми производствени капацитети и искусни работници и колосално искуство при модернизацијата на авионосачот “Викрамадит” за морнарицата на Индија.

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 20:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар