Малачи Хемфил кој имал 13 години се самоубил во својата спална соба во Атланта, САД. Тој ден момчето купило пиштол од некого но најверојатно пиштолот случајно испукал еден куршум кој завршил во главата на тинејџерот.

„Нема ништо пострашно од тоа да го видите своето дете како лежи на подот облиено со крв, изјавила мајката на Малачи. Најболното прашање кое ми го поставија беше тоа да ја одберам бојата на мртовечкиот сандук“, додала мајката.

Околу 50 пријатели го гледале самоубиството на социјалната мрежа.

Мајката на момчето упати апел до сите родители да внимаваат на своите деца и на нивните активности на интернет.

Датум на објава: петок, 14 април 2017 во 21:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар