Сакале да направат фотографија качени на вагон цистерна, паркиран во кругот на МЖ транспорт. Двата инциденти не се поврзани но се случиле на исто место само во различно време. Четиринаесет годишникот настрадал во 16 часот а додека една година постариот од него лошото искуство го доживеал по 19 часот. Директорот Игор Коруновски вели дека обезбедувањето постојано има проблеми со тинејџерите кои се качуваат по вагоните и за само десеттина дена имале дури три инциденти.

При контактот со жиците кои постојано се под напон и минуваат над вагоните, сите три деца се здобиле со изгореници по телото и грчеви на мускулите. Од брзата помош велат дека често се соочуваат со вакви инциденти и апелираат да се внимава. Ако контактот со струјата која е и под повисок напон е подолг тогаш може да настанат сериозни повреди и смрт.

Дали светскиот тренд пристигна и во Македонија. Познатите Јамакаши или Паркур на возови се нови дисциплини за луѓе кои трчањето на возови им е само адреналинска авантура. Но кај нас тешко дека може да заживее и секој обид ќе завршува со сериозни проблеми, бидејќи типот на железничката инфраструктура споредено со Америка, Јапонија и Русија е различен. Таму немаат жици под напон над вагоните па затоа во Индија спорите возови нелегално се користат и за транспорт на луѓе кои не сакаат да платат за билет. 

коментари

остави коментар