Седумнаесет годишниот Х.И. е убиен денеска во село Матка, Скопско, од страна на Е.А. (2000) со нож во меѓусебна тепачка. Од МВР го потврдија настанот кој се случил попладнево околу 15 часот.

За Канал 5 од МВР потврдија дека во тепачка меѓу сега починатиот и напаѓачот постар од жртвата само две години на лице место починало 17 годишното момче кое било од Сарај.

МВР е на терен и ги утврдува причините за убиството. Засега нема информации кои се причините и мотивот. На местото на настанот веднаш пристигнало возило на Брза Помош, а присутни биле и членови на полициската единица Алфи.

Лицето можен сторител е приведено во полициската станица „Ѓорче Петров“ и се работи на расчитување и документирање на настанот, изјавија од МВР

Датум на објава: сабота, 15 април 2017 во 17:16
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:15

коментари

остави коментар