Пет години откако стапија во брак, 59 годишниот Алек Болдвин ја реафирмираше љубовта кон својата сопруга Хиларија и ја запроси по втор пат.

Тоа го стори во истата катедрала каде што се венчаа.

Хиларија на Инстарграм ги постави фотографиите од романтичниот гест на сопругот, и соопшти дека пак кажала - да.


Додека Болдвин по втор пат и изјавува љубов и ја проси својата 33 годишна сопруга, таа во раце ја држи нивната три годишна ќерка Кармен.

She said yes! 'Alec asked me to marry him again today...with Carmen [lovestruck emoji, engagement ring emoji] ...in the church we got married in. I said...yes [heart emoji]' Hilaria captioned the post

Хиларија и Алек добија три деца во три години. Кармен е најстарата (3), по неа се роди Рафаел кој има неполни две години, и Леонардо кој има 7 месеци.


Lean machine! A keen advocate of fitness and healthy eating, Hilaria looked incredibly lithe, despite having famously having three children in three years with Alec


А приказната како Хиларија и Алек се запознале, е уште поромантична.

- Само што им реков на другарките. Универзуму, сега сум подготвена да сретнам некого и да се вљубам! А другарка ми ме поттурна и ми рече - молчи, Алек Болдвин гледа кон тебе! - раскажа во една прилика Хиларија.

Таа тврди дека не знаела кој е Алек Болдвин бидејќи немала телевизор додека растела. Го знаела неговото име но не знаела ништо за него, ниту ги гледала неговите филмови, и првите 5 месеци продолжила така за да го запознае како личност, а не како ѕвезда.

- Тоа ни даде добра шанса како двојка, и мислам дека затоа сме сега венчани - вели фитнес - инструкторката  Хиларија, која со Алек Болдвин се омажи во 2012 година.

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 18:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:18

коментари

остави коментар