Старлетата за српските медиуми вели дека состојбата и била многу сериозна и сеуште се бори за живот, и дека се кае што претерала со пластичната хирургија.

- Некој сега ќе рече, што зборува таа за силиконите, но доволно сум компетентна и сакам да им помогнам на другите да не минуваат низ она низ што јас минувам - вели Тамара за српски Курир и апелира до жените, да не му робуваат на физичкиот изглед.

- Преживеав но уште се борам за живот. Ова мачење не би му го посакала никому. Не би сакала ни една жена да поминува низ ова низ што поминувам јас. Апелирам до младите и убави девојки да не претеруваат со пластичните операции - вели Тамара која има направео бројни пластични операции на своето лице и тело.

Таа вели дека сфатила некои работи дури кога се соочила со смртта.

- Младите девојки му робуваат на своето тело, а здравјето е најбитно.Наместо на празниците да бидам со семејството, јас сум во болница.

Проблемите ги направи хидрофилниот гел кој во 2016 Тамара го вбризга во задникот. Вели дека не се обвинува само себеси, туку и оние кои тоа го изработиле нестручно. Сега вели дека ќе основа фондација преку која ќе се бори против силиконите и клиниките на кои им се важни само парите.

- Совршената жена не ги поминува деновите во болница за на другите да им изгледа подобро - вели Тамара Ѓуриќ.

/извор: Курир.рс

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 20:24
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:17

коментари

остави коментар