Младата девојка првите неколку години се срамела од влакната на лицето и се бричела, но тоа станало пренапорно за неа, па престанала да ги отстранува влакната. Поминала низ пекол - на интернет и порачувале дека треба да се убие, ја нарекувале грда, и што уште не.


Пред неа не зборувале ништо, само ги чувствувала нивните долги и осудувачки погледи.


Но, Алма имала огромна среќа да има пријатели и семејство кои ја разбираат и поддржуваат, и веќе 5 години момче кое нема проблем со влакната на нејзиното лице.

Кога се запознала со Тејлор сеуште се бричела, а кога му кажала како изгледа ако не го прави тоа - ја добила најдобрата можна реакција.

- Му кажав и тоа само значеше дека од тој момент натаму, кога ќе бидам фрустрирана, можам да сметам на неговата целосна поддршка - вели Алма.

Тејлор за Мирор изјави:

- Таа за мене е многу убава, и тоа што има брада не ја дефинира. Тоа се само влакна и не можат да имаат никакво влијание на чувствата.

Алма Торес ги охрабрува сите жени што имаат здравствен проблем како неа, дека можат да бидат она што се и пак да бидат убави!

Датум на објава: четврток, 20 април 2017 во 21:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:29

коментари

остави коментар