Но наместо тоа, Трајановски се расфрлаше со парите на граѓаните за тендери со кои се богатеа Никола Груевски и неговите соработници, реагираат од СДСМ.


Досега се потрошени илјадници евра пари на граѓаните за студии и елаборати за нов луна парк што Трајановски со години го ветуваше и до денес го нема. Неодговорно е пред крајот на мандатот, Трајановски да најавува дека ќе потроши нови 6,5 милиони евра. По промените на централно ниво, град Скопје и останатите општини ќе добијат нови одговорни власти, а ќе се дознае и за што навистина се трошеле парите на граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ. 

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 15:19
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:43

коментари

остави коментар