Општина Карпош изрази искрено жалење за пожарот во кој изгоре комплексот бараки на поранешната градска управа за урбанизам и архитектура со барање до МВР за темелна истрага поради како што се наведува во соопштението, симптоматичноста пот пожарот се ширел многу брзо. Со пожарот замина дел од историјата на град Скопје , макети од значајни објекти,  проекти и урбанистички планови стои во соопштението на општина Карпош.

На симптоматичност зошто да изгори само делот од бараката во форма П на бившиот градски завод за урбанизам  и тоа оној дел непосредно до средното градежно училиште во кое се наоѓала вредната документација од првиот урбанистички план на Скопје, вториот од 85-тата, но и урбанистичките планови од градовите во цела Македонија , како и макети и проспекти на стратешки државни институции, упатуваат дел од поранешните вработени во заводот за Урбанизам за кои е несватливо како тоа изгорел делот со документацијата, а не изгорел празниот дел во кој немало ништо.

Истите извори кои сакаа да останат анонимни за Канал пет изјавија дека баш во сега изгорениот дел имало една просторија од тврда градба која ја нарекувале бункер и во која во метални шкафови се чувала целата оваа вредна документација со генерални и урбанистички планови од градовите во земјава, како и вредни проекти, но и дека не знаат што се случувало со оваа документација по одењето во стечај на фирмата, по што документацијата недозволиво несоодветно била чувана како и големиот број компјутери кои останале на работните бироа. Се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Управниот одбор на бившиот градски завод за урбанизам , но безуспешно.

Пожарот пеплоса три бараки на бившата Управа за Урбанизам и зафати дел од просториите на бараката во која е сместен Институтот за Социолошки и политичко правни истражувања. Во пожарот кој избил околу 11 часот и 30 минути, е причинета голема материјална штета за среќа без жртви и повредени.

Во трите изгорени бараки немало луѓе тие биле од поодамна напуштени откако некогашната Управа за Урбанизам отишла под стечај. Но затоа во институтот за Социолопки и политичко правни истражувања имало голем број вработени кои биле навремено дислоцирани. Тие и по санацијата на огнената стихија стоеја во дворот на Институтот, но не сакаа да даваат изјава за медиумите. Директорката Мирјана Борота Поповска беше во контакт со истражителите на кои им кажа дека таа во Институтот била до 11 часот по што заминала на состанок во Ректорската управа и дека само што стигнала таму и јавиле за пожарот, по што се вратила назад.

Канал 5 обезбеди и очевидедц од настанот.

МВР работи на истражување на причините за пожарот, кој дополнително беше опасен поради близината на гасната централа на средното градежно училиште Здравко Цветковски.


Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 17:31
Мирјана Трпческа
Обновено во: 18:44

коментари

остави коментар