Животниот век на луѓето би можел да се продолжи дури за 40 години, тврди угледниот професор  од Институтот за биорегулација и геронтологија во Санкт Петербург, Владимир Хавинсон, пренесува Спутник.

Професорот Хавинсон истакнува дека во Русија веќе се достапни шест лекови кои ќе ни овозможат да живееме четири децении подолго.
Лековите се засновани на т.н „теорија на пептидна технологија“ која во интеракција со ДНК го зголемува производството на протеини, што го продолжува животниот век .
„Експериментите на животните покажаа дека воведувањето на пептидните препарати го продолжуваат животот за 30 до 40 проценти во однос на контролната група. Пептидите го засилуваат имунитетот и го обновуваат ендокринолошкиот систем, вели професорот Хависон за „Спутник“.

Угледниот професор воедно објаснува дека дејството на лековите е потврдено во 25 клинички експерименти.

-Се работи за комплекс од пептиди. Тоа се лекови кои се веќе патентирани и регистрирани во Русија.

„Комплексот од пет медицински препарати овозможува да се продолжи живото и да се подобри неговиот квалитет, вели Хавинсон.

Според наводите на професорот , утведено е дека овие препарати кај луѓето доведуваат до намалување на стапката на инфаркт и мозочен удар за околу два пати.
-Пептидите се природни средства составени од аминокиселини. Терапијата би требало да се примени само исклучиво по консултација со лекар и не пред 35 година од животот, но не ниту после 40 годишна возраст.

Овие препарати всушност потекнуваат уште од времето на СССР , во современа Русија се унапредени и се наоѓаат на списокот на регистрирани лекови во земјата.

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 09:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар