Според италијанските медиуми, лажниот црногорски принц е уапсен додека во автомобил мерцедес излепен со знаменца и амблеми на Црна Гора ги посетувал членовите на дипломатскиот кор и им нудел соработка, на некои дури и лажни дипломатски пасоши.

Стефан Чернетиќ тврди дека неговата официјална титула е Неговото царско височество принц Црна Гора, Македонија, Албанија, Србија и Војводина: Тој воедно тврди дека е наследник на средновековната црногорска династија Црнојевиќ.



Колку бил успешен во своето преставување како принц зборува и фактот дека На својот фејсбук профил црногорскиот „принц“  објавувал фотографии од гала вечери, со бројни славни личности...

Пред да биде откриен и уапсен успеал да ја измами дури и холивудската актерка Памела Андерсон, која ја прогласил за „Големата дама од Црна Гора“, а таа со новата титула се пофалила дури и на својот Инстаграм профил.

На свечената церемонија во чест на доделувањето на титулата памела дури и одржала говор:

„Ваше височество вистински сум почестена и благодарна на ова признание на Кралската куќа на Црна Гора и погодена од Вашата велокодушност“, изјавила Памела Андерсон, во својот говор. 

Датум на објава: петок, 16 јуни 2017 во 10:43
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:56

коментари

остави коментар