Една од продавачките , Селма Ковач , во изјава за босанските медиуми вели дека овој четврток за неа било и најсреќен и најтажен.

- ,Излезе девојка од автомобил и праша кој е сопственик на продавницата, без да се претстави. Прашува дали даваме продукти на вересија и дали има должници . Со тивок глас рече дека сака да ги плати сите долгови до овој момент .Јас бев во шок . Не ми се веруваше дека се уште има добри луѓе, рекла продавачката Ковач.

Некои од сопствениците на продавниците на излозите закачиле и известување дека сите долгови се платени. Чекаат да ги видат среќните лица на своите должници . 

Датум на објава: сабота, 17 јуни 2017 во 14:27
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:53

коментари

остави коментар