Веста  ја потврди извор близок на парот за реномираното списание People. „Бијонсе и Џеј Зи се многу возбудени и веќе започнаа да ја споделуваат веста со семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот..

Веста за втората бременост, 35-годишната пејачка ја сподели објавувајќи фотографија од трудничкото стомаче и кратка порака. „Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно. Многу сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за два и ви благодариме за вашите добри желби“ – напиша таа.

Славниот пар заедно има уште едно дете – петгодишната ќеркичка Блу Ајви.Талентираната пејачка и 47-годишниот рапер стапија во брак во април 2008 година.

Датум на објава: недела, 18 јуни 2017 во 13:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:11

коментари

остави коментар