Службите за вонредни состојби сеуште ги евакуираат жителите. Спасувачки хеликоптери и бродови се испратени во градот. Полицијата продолжува да ги предупредува луѓето да останат подалеку од крајбрежните области, со цел да се заштитат, во случај на повторно цунами.

Данската полиција дава само ограничени информации бидејќи се обидуваат да дознаат што точно се случило.

Во моментот на цунамито 100 луѓе живееле во селото, кое е најмногу погодено. Од нив 23ца се уште таму, а останатите се евакуирани.
На Гренланд и во минатото имало вакви слични цунами. 


Датум на објава: недела, 18 јуни 2017 во 17:51
Катерина Капкоска
Обновено во: 17:53

коментари

остави коментар