Своето прво прикажување на фестивалот, ЏГАН го имаше во кино центар TianShan Cinema-HongQiao Art Center Flagship Store, а режисерот Тозија ќе биде присутен на фестивалот да го претстави во најдобро светло.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристаноски, а играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Тозија го изработи сценариото и режијата, дизајнот на шминката и маските се на Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент е Огнен Антов.

Македонски продуцент на филмот е ДРИМ ФЕКТОРИ, ко-продуцент Red helicopter films од Албанија, а филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија и SEE Cinema network.

ШИФФ со над 350.000 посетители годишно прерасна во најголем азиски филмски фестивал со професионална платформа за културна размена на домашни и странски филмови. Своето влијание го проширува и преку четирите активности - натпреварувачката селекција, филмскиот маркет, форум и филмскаta панорама. 

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 12:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар