„Лудиот“ алпинист Алекс Хонолд неверојатниот подвиг го изведе во Националниот парк Јосемити, без ниту едно јаже или било каква заштитна опрема го освои 2700 метри високиот врв.

31-годишниот Алекс е првиот човек кој во слободно искачување успеал да стигне до врвот на Ел Капитен.

Американскиот авантурист стигнал до врвот по 4 часа искачување. Тој во изјавата за медиумите истакнал дека цели десет години се подготвувал за овој тежок испит.

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 12:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:55

коментари

остави коментар