Професионалноста, пред политиката, уверуваат извори за Канал 5 од Министерството за здравство, при кроењето на списокот со идните директори. Она, што засега е извесно дека старо нови директори ќе бидат професорката Смиља Туџарова од клиниката за пластична хирургија, останува и директорка на клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, психијатарот Антони Новотни останува прв човек на психијатрија.

Извори за Канал 5 велат дека нов директор ќе има клиниката за онкологија и радиотерапија во игра е докторката Снежана Смичковска, очниот доктор Беким Татеши ќе ја гледа клиниката за очни болести,  урологот Сашо Дохчев се споменува како прв човек на клиниката, Алек Савевски ќе биде директор на клиниката за ортопедија.

Засега најнеизвесно е на клиниката за гинекологија и акушерство, извори за канал 5 објаснуваат дека новиот директор ќе биде професор доктор гинеколог, кој најдобро ја познава проблематиката и ќе направи промени во здравствената политика на клиниката.

Некои првпат слушнаа дека ќе седнат во менаџерските фотелји од нас, некои во доверба ни потшепнаа дека остануваат, трети остануваат во неизвесност. Од УХМР најавуваат повисоки температури така ќе биде и во наредните две недели и во болничките ходници.


Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 15:01
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 15:46

коментари

остави коментар