-Ја измамив со својата соработничка. Ријана се посомнева и почна да ме испрашува, но јас ништо не и признав. Таа вечер токму таа , мојата соработничка  ни се придружи на забавата. Ријана полуде, си ги зема работите и ја напушти забавата, раскажа 28 годишниот Браун.

Крис дополни и дека Ријана продолжила да вика и кога седнале во автомобилот, и го побарала неговиот мобилен за да види со кого се допишува. Во телефонот Ријана пронашла порака од соработничката на Крис во која таа му пишува дека ќе дојде на забавата на Греми.

-Тогаш Ријана многу се налути. Започнавме да се туркаме, таа ме удри а јас ја гризнав за раката. Така се започна, истакнува во документарецот Крис Браун.

По тој инцидент Крис е осуден на шест месеци општествено корисна работа, пет години условна казна и забрана за приоѓање на Ријана на помалку од 50 метри.

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 17:00
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:16

коментари

остави коментар