Како што соопшти МВР, Спасовски утре ќе има обраќање на Министерската конференција, а планирани се и неколку билатерални средби.

Министерот Спасовски денеска на маргините од Конференцијата, остварил средба со Андреј Шпенга, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, на која разговарале за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и ризиците од евентуални нови бранови мигранти.

- Спасовски и Шпенга разговараа и за реформата на безбедносните служби и полицијата во Република Македонија, која ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР. Шпенга потенцира дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО, се наведува во соопштението. /МИА


коментари

остави коментар