Според СВР Тетово, попладнево околу 16:30 на регионалниот пат Гостивар-Чегране дошло до судар на „мерцедес“ со гостиварски таблички управуван од А.И. (60) и моторцикл, што го управувал Ј.З. (22) од Чегране. Од ударот мотоциклистот се задобил со повеќе повреди. По несреќата, тој бил згрижен во гостиварската болница од каде заради скршенци на двете нозе и повреда на главата е испратен на скопските клиники. Како можна причина, по извршениот увид се наведува неприлагодена брзина на движење.

Од СВР Тетово предупредуваат на зачестените сообраќајни несреќи во кои страдаат мотоциклисти.

Од почетокот на месецот, низ Полог регистрирани се шест несреќи, а една имаше и смртен исход. /МИА



коментари

остави коментар