- Додека ВМРО-ДПМНЕ лицемерно обвинува за мешање на партијата и државата, директори на јавни претпријатија и членови на ВМРО-ДПМНЕ, како Ромео Тренов и Лука Кржаловски, бесрамно држат партиски прес-конференции во нивното работно време, со што директно докажуваат дека работат единствено во интерес на партијата и спротивно на потребите и интересите на граѓаните, се вели во реакцијата.

СДСМ преку Владата што ја предводи, како што се наведува, почнува процес на професионализација и департизација на институциите.

- Никогаш повеќе ниту едно министерство, ниту една институција нема да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата од СДСМ. /МИА



коментари

остави коментар