На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, се разговарало за континуираната соработка помеѓу двете држави и за нејзино зајакнување, а посебен фокус е ставен на продолжување на развојот на Македонија.

Соговорниците ја потенцирале важноста на политичкиот дијалог помеѓу различни политички страни, како и важноста на добрите меѓуетнички односи, како главен фактор за развој и стабилност на Република Македонија.

Амбасадорот Лазарато на средбата најавил натамошно проширување на соработката во Република Македонија во нови сектори, вклучувајќи и нови проекти со цел поддршка на економскиот развој како намалување на невработеноста и зголемување на конкурентноста, поддршка на демократијата со акцент на зајакнување на капацитетите на локалната власт и невладиниот сектор, на здравството и слично.

Датум на објава: четврток, 14 март 2013 во 13:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар