Таа опстанала како слободна, демократска земја во Европа која се тресела пред нацистичката чизма, но и соработувала со Третиот рајх.

Точно е тоа дека Швајцарија чувала милијарди долари во злато кои нацистите ги одземале од жртвите на Холокаустот, но не треба да се оцени како нацистичка марионета, бидејќи Германија за малку ќе извршела инвазија врз Швајцарија.

„Швајцарија има најодвратни и најладни луѓе и политички систем“ – му се пожалил во една прилика Хитлер на Мусолини, во јуни 1941 година.

После поразот на Франција во летото 1940 година, со што Третиот рајх станал доминантна сила во Западна Европа, Германците планирале да ја покорат и Швајцарија. Операција „Таненбаум“ требало да ги вклучи и германските сили од Франција, Германија и Австрија, додека Италијанците планирале да дејствуваат од југ.

„Изненаден влез од Женевското езеро до Констанца, кон центарот на земјата, гласел планот. „Мораме да ја присилиме Швајцарија на брза капитулација користејќи екстремно супериорна сила“.

Силите на оската имале достојни противници. Како и Шведска, Швајцарија својата неутралност ја штитела со оружје, а од нејзините платеници уште од петнаести век ја плашела Европа. Сите швајцарски мажи биле во приправност и имале пушки, кои ги чувале во куќите во случај на мобилизација. За земја од само четири милиони, Швајцарците имале импресивна војска од околу 850.000 луѓе. Исто така, Швајцарија е планинска земја, што значи дека германските тенкови на нејзината територија ќе бидат бескорисни.

Швајцарија после војната тврдела дека единствено нешто што го спречило Хитлер да ја освои е фактот што имала многу наоружани луѓе. Сепак, тоа е малку веројатно.

Нацистите веќе ја освоиле Франција, чија војска била сметана за една од најдобрите во Европа и тоа за шест недели. Швајцарија би им се спротивставила, со народна милиција без тенкови, артилерија и летала. Иако е планинска, најнаселените делови се во рамниците, кои лесно би биле прегазени. Исто така, претходно подигнатите утврдувања биле подигнати на границите со Австрија и Германија, но не и со Франција.

Тогаш, зошто нацистите не ја окупирале Швајцарија?

Една причина е тоа што можеби Хитлер дел од Швајцарците ги сметал за Германци (сепак тоа не го спречило да ја окупира Австрија). Поверојатно е дека во тоа го спречила инвазијата на Русија, иако Германците и понатаму собирале средства за да го окупираат Балканот во пролетта 1941.

А можеби Швајцарија едноставно била премногу корисен посредник меѓу нацистите и светската економија.

Во секој случај, во војна влегла и излегла како слободна земја.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 13:33
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:47

коментари

остави коментар