На средбата, како што соопштија од Судот, било истакнато дека извештајот на работната група и препораките од јуни 2015-та година се основа за реформите во судството.

Како што е наведено во соопштението, судиите ја истакнале потребата од нивно поактивно вклучување во процесот на изготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање на судството, условите за избор и напредување во кариерата, следењето на работата и оценувањето на судиите, разрешување на судии ...

Воедно судиите посочиле дека ги поддржуваат процесите кои водат кон зајакнување на нивната независност и враќање на довербата на граѓаните во судството.

- Присутните на средбата се согласија дека само независно судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните, се додава во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје. /МИА

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 17:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар