Џевдет Хајредини и Дејан Лутовски за причината зошто функционерите посегнуваат по можностите за злоупотреба на народните пари.

Според Хајредини тоа се должи на фактот што повеќето од функционерите посебно од ДУИ дотогаш не биле на функции и зашле во својата позиција, а според Лутовски, член на президиумот на Левица, со ваквите дејанија многу јасно се отсликува структурата на целото наше општество во поглед на јавните набавки.






Хајредини: Во која мера биле трошењата и на што во голема мера зависи од психологијата на човекот, ако тој оди да троши 500 илјада евра тоа е трагедија.

Лутовски: Потрошувачката кошничка во Р.Македонија за едно 4-члено семејство е 32 илјади а граѓаните земаат просечна плата 15-16 илјади денари а некој да троши 600 евра за ручек е некоректно и недолично.




Хајредини: Тие луѓе што се однесувале така треба да ги анализираат и психолози и психијатри  и социолози.

Лутовски: Кај нас не е секогаш проблемот со правилниците во делот на јавните набавки недостасуваат прекршочни одредби.




Хајредини: Ако некој министер е смел да купи алишта, за некој кој зема 200-300 евра тој тоа ќе го прави.

Лутовски: Главниот проблем е во системската поставеност и во освестеноста на јавноста која ги дозволува тие работи.

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 19:49
Мирјана Трпческа

коментари

остави коментар