Еден од најочигледните докази за тоа, како што рече, е археолошкиот локалитет Скупи. - Преку сомнителен тендер со набилдани цени за таканаречена обнова на локалитетот, ВМРО-ДПМНЕ противправно сакаше да изгради сала од бетон замаскирана со травертински плочки и да го осквернави и нагрди археолошкиот локалитет, само за да се остварат нечии криминални интереси, се наведува во соопштението.

Владата предводена од СДСМ, како што се додава во соопштението, ќе го заштити културното и историско наследство и ќе го спречи секој обид за уништување на објектите од културно и историско значење, заради остварување на нечии криминални интереси. /МИА



коментари

остави коментар