Се наведува дека за две ипол години работа на кампот, на подрачјето на Европа префрлени се повеќе од 50 терористи, повеќето преку “балканската рута“.

„Џихадист заробен во неодамна ослободениот ирачки град Мосул, пред истражителите откри податоци за камп за обука на терористи кои имале задача да извршуваат терористички напади ширум Европа. Како што тврдат ирачките истражители, станува збор за високо позициониран терорист кој бил оженет со сестрата на еден од најблиските соработници на калифот Абу Бакр  ал- Багдади“ – наведува „Вечерни лист“ на својот сајт.

„Уапсениот џихадист на истражителите им дал податоци дека тој камп за обука на елитни единици на самоубијци кои спремаат напади по Европа, се наоѓа во Сирија“ – тврди весникот.

Како што се наведува, таа единица била во координација со симпатизерите на терористичката организација ИД, кои се регрутирани преку интернет и социјалните мрежи по цела Европа.

Сите тие терористи по завршувањето на обуката преку Турција и понатаму преку “балканската рута“, со лажни сириски и ирачки пасоши, се префрлени во европските земји со групи на мигранти, наведува листот.

Џихадистот открил и дека последните терористи преку балканската рута се префрлени во февруари 1027 година и дека кампот е уште активен.

За две и пол години работа на кампот, само на подрачјето на Европа префрлени се повеќе од 50 терористи, кои чекаат наредба за акција, тврди листот, наведувајќи дека џихадистот изјавил дека нападите во Париз и Бризел 2015 и 2016 година го извршиле терористи кои завршиле обука во тој камп.

Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 16:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар