Откако претседателот ќе го потпише указот за ребалансот на буџетот , законот излегува во Службен весник по што стапува на сила.

Од кабинетот на Иванов за Канал 5 велат дека нема да се надмине рокот за потпишување на указот бидејќи претседателот денеска се враќа од годишен одмор.

Ребалансот на буџетот во законодавниот дом беше усвоен во неделата, рокот на одобрување на истиот од страна на Иванов е седум дена.

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 15:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар