- Со одлуката на ФИБА Евробаскет во иднина да се игра секоја четврта година направи катастрофална грешка. Се надевам дека одлуката брзо ќе биде променета. Оптимизам дава тоа што ЕП во младински категории се играат секое лето. Тоа е добро за развојот на кошарката, потенцира Пешиќ.
Тој е единствениот тренер кој со две различни селекции се искачил на европскиот трон. Беше европски шампион со Германија 1993 и со СР Југославија 2001 година.

Пешиќ ја повика ФИБА да ја преиспита и одлуката репрезентациите во иднина квалификациските натпревари да ги играат во ноември, со оглед на одбивањето на клубовите од Евролигата да ги ослободат репрезентативците.

- Националните тимови се многу важни и тие се значаен фактор за развој на кошарката. Би било катастрофално ако се игра во ноември без кошаркари од Евролигата. 

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 16:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар