Мегапопуларната пејачка во пишана изјава за весникот „Хјустон“ наведе дека со својот тим работи на деталите со цел на спроведување на планот за помош – во „што поголеми размери“.

Инаку богатството на Бијонсе и нејзиниот сопруг продуцентот и музичар Џеј Зи се проценува на околу милијарда долари.

Инаку Тексас  пред неколку дена беше погоден од страшната бура која донесе исклучително обилни врнежи од дожд. Во американската држава Тексас според метеоролозите наврна рекордно количество дожд, што според нив е и рекорд во САД.

Штетите по бурата „Харви“ се проценуваат на околу 42 милијарди долари., што ја става оваа бура меѓу петте најскапи кој ги погодиле САД. 

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 16:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар