Според бразилската полиција, постојан индикации дека Карлос Алберто Нусман, шеф на Бразилскиот олимписки комитет и претседател на Комисијата за организација на игрите, интервенирал при купување на гласовите на африкански членови на Меѓународниот олимписки комитет, за да гласаат за Рио.

Истрагата за случајот започна пред девет месеци и се нарекува „Нелојална игра“. Во неа на бразилските истражни органи им помагаа колеги од Франција, Антигва и Барбуда.

На Нусман кој е поранешен одбојкар и веќе две децении е претседател на Бразилскиот олимписки комитет му е одземен пасошот. Тој работи како адвокат, член на ИОК е веќе 12 години, а е дел и од Координативната комисија за Игрите во Токио во 2020 година, давајќи им совети на организаторите за тоа како да се подготват за настанот.

По игрите во Рио, Нусман доби од претседателот на Светската олимписка организација (ИОК) Томас Бах, награда „Олимписки орден“, која се доделува на луѓе со исклучителен придонес кон Олимписките игри.

Поради корупциски скандал и раководење со мрежа за пренасочување на средства од градежните проекти за Игрите, меѓу кои и проектот за модернизација на стадионот „Маракана“,  во јуни на 14 години затвор беше осуден Сержио Кабрал, поранешен гувернер на сојузната бразилска државата Рио де Жанеиро во периодот 2007 - 2014 година. 

Датум на објава: среда, 06 септември 2017 во 09:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар