Неименуван пилот и метеорологот Ник Андервуд намерно влетаа право во ураганот Ирма, кој се смета за најсилниот ураган досега, со удари на ветер од 224 километри на час, за да соберат податоци за движењето на бурата.

Во необичниот вид на канцеларија, која е прилично нестабилно, Ник ја работи својата работа додека ураганот го отфрла авионот како да е некоја играчка. Се прашувате колку е тешко да се концетрирате на работата и да доставите точни информации до Националниот центар за урагани?

Како што Ник изјавува, неговата работа е од местото на настанот да собере доволен број на податоци со чија помош ќе може да се предвиди понатамошното движење на ураганот Ирма.

„Можам да слушам музика наместо да го слушам звукот на моторот. Таа автоматски се намалува доколку пилотот треба нешто да ми пренесе, така да постојано сме во комуникација. Влеговме во бурата во 4 наутро, ја пуштив Gon’ Give It To Ya од DMX“, признава Ник.

Погледнете како изгледа неговиот работен ден.

Датум на објава: среда, 06 септември 2017 во 21:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:58

коментари

остави коментар