33-годишната Тоша Спонлер била уапсена за кражба и оставена во полициско возило, но вештата жена успеала да се извлече од лисиците и со автомобилот да се даде во бегство.

Речиси половина час траела бркотницата со полицајците по улиците на Тексас. Храбрата Американка според информациите возела со 130 километри на час и дури во три наврати ги совладувала полициските заседи на патот.

Кога конечно била опколена, полицајците морале да го искршат стаклото од возилото за да ја уапсат. Спонлер е одведена во притвор и ќе и се суди за предизвикување општа опасност по безбедноста.




Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 09:19
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар