Компанијата Арам Пан од Сингапур добила дозвола од севернокорејските власти од воздух да го сними главниот град на државата – Пјонгјанг.

Резултатот е ова интересно видео, на кое можат да се видат живописни згради.

„Сепак, тоа што е многу чудно е дека на улиците нема ни луѓе, ни автомобили. За град од 2.6 милиони жители, Пјонгјанг делува прилично пусто“ – изјави претставник на компанијата.

Снимката е дел од проектот „DPRK360”, кој има за цел да ја претстави Северна Кореја на светот преку различни визуелни материјали.


Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 12:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар