Ова денеска го најави министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој е во работна посета на Струмица.

- Во 2018 година ургентно ќе биде направена конзервација на тој фрескоживопис, бидејќи навистина сме шокирани и скандализирани дека толку години не е направено ништо, а тоа е една од нашите најстари и највредни фрески кои што ги имаме, рече министерот Алаѓозовски.

Фреската на која се прикажани сите петнаесет мартири се наоѓа во централната крипта односно гробница во средишниот дел од средновековната црква, и според археолозите, претставува визуелна меморија која што христијанската заедница сакала да ја зачува за поколенијата што доаѓаат.

Министерот Алаѓозовски се сретна и со дел од културните работници во Струмица со кои договориле од наредната година, решавање на кадровските и просторните проблеми кои во моментов биле пречка за успешно работење на институциите.

- Денеска детално се запознав со проблемите кои се многу и наталожени, но нашата одлучност да ги решиме е голема. Станува збор за проблеми од адекватно вработување и персонал со кој институциите би ја исполнувале својата функција, до проблемите на самите згради, потребата за реконструкција на подрумите, на покривите, потребите од одредени просторни усогласувања, рече Алаѓозовски.

Министерството за култура со Буџетот 2018-2019 година согласно приоритетите ќе финансира решавање на овие отворени прашања, со што, според министерот, Центарот за култура и Завод и музеј Струмица ќе бидат гордост и министерството во функција на граѓаните.

Во рамки на посетата, министерот Алаѓозовски ќе ги посети и манастирите во Водоча и Вељуса, а вечер ќе присуствува на свеченото отворање на 25-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 15:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар