Ова е рекорден број спасени животи од органи од еден донатор. Девојчето починало во 2012 година и досега ги донирала своите срце, панкреас, бели дробови, бубрези , тенко црево и црн дроб.

,,Џемима беше паметно , хумано и креативно девојче и би била многу горда на она што е постигнато “ , велат нејзините родители . Според Американската организација за трансплантација , досега ниеден донатор не спасил толкав голем број животи .

Нејзиното срце , тенко црево и панкреас се трансплантирани кај три лица , а уште двајца ги добиле нејзините бубрези. Црниот дроб бил поделен и го добиле две лица , а секое белодробно крило било трансплантирано кај посебен примател на органи . Обично од секој донатор се спасуваат во просек 2,6 лица .

Девојчето добило удар  за време на подготовките на роденденот на својата мајка , а починало четири дена подоцна . Неколку недели пред тоа Џемима во разговор со родителите во врска со трансплантација на органи по сообраќајна несреќа самата рекла дека би сакала да биде донатор , доколку и се случи несреќа.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 16:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар