Часови на прекрасни композиции во домот на Ананиевски. Ема ја подготвува дипломската работа, таа ќе биде првиот граѓанин со оштетен вид во  Македонија, која ќе дипломира пијано на Факултетот за музичка уметност. Нежна и смирена во свирењето и допирот на пијаното. Храбра и амбициозна во животот.  Датумот за дипломирање не смее да се промени, објаснува Ема.

„Има многу вежбање. Јас работам како сите останати нема привилегии поради мојата состојба, а и не сакам“, раскажува Ема.

Ема со пијаното почнала од нејзината осма година, во времето кога Македонија беше самостојна и суверена држава. Во тоа време родителите со силна поддршка за нивното чедо, Ева иако со целосно изгубен вид почнала со часови пијано. Макотрпен пат, без потребни книги со надеж од нејзината професорка и родители, продолжила напред со верба дека ќе успее.

„Кога бев во основно, мислев дека нема да успеам дека не сум доволно добар музичар, но по еден концерт добив громогласен аплауз што го слушам и денеска, таа атмосфера ми потврди дека може да продолжам со образованието во музичко“, со голем ентузијазам раскажува Ема.

И скоро по не цели три години самостојност лицата со оштетен вид се уште не видливи, не дека се во мал број и не ги гледаме. Причината е поголема без помош тие не можат да излезат сами со нивниот живот и хендикеп.

„Нема музичко образование со браево писмо, со мојата желба и упорноста на професорите учев да свирам, со книги од странство. Такво образованието за слепи луѓе. Нешто мрдна од мртва точка, но тоа е многу малку“, објасни Ема.

По дипломирањето Ема сака да свири и по познати концерти во светски метрополи, но целта не и е да ја напушти Македонија. Таа има желба за денешниот роденден на Македонија да остане тука да промени во училиштата, кај свеста на сите граѓани дека луѓето со оштетен вид можат како сите. Но, по замислената желба потребно на околу 2500 луѓе со оштетен вид во Македонија да живеат во земјата каде се родени. 


Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 17:45
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
Обновено во: 12:17

коментари

остави коментар