Имоти вредни милијарди долари може да бидат збришани во текот на наредните часови . На Флорида и на Карибите во тек е масовна евакуација на населението , а  луксузните вили може да бидат целосно уништени.

Ураганот ќе ги погоди Девствените острови и Порторико , како и помалите острови , во сопственост на богатите ѕвезди . 

Директна опасност им се заканува на луксузните вили и имотите на Џони Деп , Дејвид Коперфилд , Опра Винфри , Мик Џегер , Еди Марфи , како и луксузниот имот на Доналд Трамп.
Американскиот претседател има вила вредна 50 милиони долари .
На Бахамите луксузни имоти имаат и Брус Вилис и Кејт Ричард , како и рускиот милијардер  Роман Абрамович .

Во опасност е и милионскиот имот на сопственикот на Вирџин , Ричард Бренсон , кој на твитер напиша дека не се плаши за неговиот остров или за вилата зошто е изградена солидно и оти останува на имотот.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 19:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар