Поради здравствени проблеми , Роби Вилијамс ја прекинал светската кариера и настапите во Санкт Петербург и Москва .  

Според портпаролот на славниот 43- годишен музичар , станува збор за проблеми со здравјето , но без да ги наведе деталите .

Како што јавуваат медиумите , Вилијамс признал дека има психички проблеми , поради кои на концертите едвај излегувал од гардеробата .

Познато е дека пејачот страда од агорафобија , односно страв од отворен простор.

,,Оваа работа е штетна за моето здравје . Ќе ме убие .“ – изјавил минатата недела Вилијамс , кој се бори подолго време и со депресија .


Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 20:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар