Уредот познат под името  MasSpec Pen, би имал револуционерна примена при операциите од канцер . Така , докторите преку детекторот ќе може да утврдат дали во телото има уште канцерогени клетки , со што би се намалиле шансите за повторно појавување на оваа тешка болест.
Сега хирурзите кај повеќето видови тумори имаат проблем да ја видат разликата меѓу нормалното и канцерогеното ткиво .

Направата во вид на молив се става врз ткиво за кое се смета дека е канцерогено . Потоа моливот испушта вода , која веднаш ја впива заедно со молекули од ткивото , кое влегува во анализаторот .
Досега овој револуционерен изум е тестиран на 253 примероци , а тестирањето ќе продолжи и наредната година кога ќе треба изумот да почне да се користи во операционите сали . 

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 22:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар